Home Strugë Запленети над 90 килограми охридска пастрмка, приведено лице од Албанија

Запленети над 90 килограми охридска пастрмка, приведено лице од Албанија

Запленети над 90 килограми охридска пастрмка, приведено лице од Албанија

Денеска (01.10.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово, на магистралниот пат Ќафасан-Струга, кај место викано Шумска колиба, приведен е E.С (27) од Р.Албанија.
При извршена контрола во патничко возило „фолксваген пасат “, со албански национални ознаки, биле пронајдени 91,333 килограми риба, поточно 119 парчиња охридска пастрмка, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон Р.Северна Македонија.
Е.С. е приведен во Полициската станица за граничен надзор Франгово и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Exit mobile version