Home Botë ЕУ ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници

ЕУ ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници

Данската биотехнолошка компанија „Баваријан Нордик“ објави дека Европската комисија дала одобрение нејзината вакцина „Имванекс“ да се продава како заштита од мајмунски сипаници, како што беше препорачано од Европската агенција за лекови.

Ова следува само ден откако Светската здравствена организација го прогласи последното ширење на мајмунски сипаници за глобална итна здравствена ситуација, што е највисок степен на тревога. Досега се регистрирани повеќе од 16.000 случаи во 75 држави во најголемото ширење на вирусот надвор од Африка досега.

Во Хрватска досега се регистрирани десет случаи на заболени од мајмунски сипаници. Сите пациенти се мажи на возраст од 30 до 50 години, а во два случаи е констатирано дека се заразиле во странство, изјави синоќа епидемиологот Горанка Петровиќ.

Exit mobile version