12 C
Struga
Tuesday, April 16, 2024
spot_img

Епидемиолозите очекуваат мирно лето и покрај зголемeниот број на нови случаи

Растот на бројките на новозаразени со Ковид 19, за епидемиолозите не е изненадување. Имајќи ја во предвид зголемената фреквенција на граѓаните и  летните одмори ова било очекувано. Но и покрај ваквиот тренд на зголемени бројки, епидемиологот Сашко Олумчев се надева на мирно лето, пред се поради лесната симптоматологија што ја имаат новозаразените.

Иако состојбата е релативно добра, Олумчев сепак апелира до граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат до општите мерки, посебно кога престојуваат во затворени простории.

Имајќи во предвид дека во моментов циркулираат нови подваријанти на вирусот, доктор Олумчев очекува бројките да растат и во наредниот период, но вели вели место за паника нема бидејќи овие варијанти не предизвикуваат тешка клиничка слика.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles