Home Maqedoni Едно лице загина, а неколку се повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Едно лице загина, а неколку се повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека Територијалната противпожарна единица ТППЕ Охрид во моментот интервенира на случена сообраќајна несреќа на патниот правец Охрид-Кичево во близина на с.Арбиново.

Во сообраќајната несреќа има едно починато лице и неколку повредени лица кои со возило на Итната медицинска помош од Охрид се пренесени во Специјална болница Св.Еразмо во Охрид.

Exit mobile version