6.3 C
Struga
Saturday, April 20, 2024
spot_img

Европскиот Парламент побара од институциите на ЕУ да работат на почеток на пристапните преговори со Украина, да подготват план за пристапување на таа земја на единствениот пазар на ЕУ и да го воведат десеттиот пакет санкции против Русија.

Во необврзувачката резолуција изгласана на пленарната седница во Брисел, претставниците бараат „да се започне со работа на отворање на пристапните преговори“ и да се создаде „патна карта со контурите на следните чекори за да се овозможи пристап на Украина на единствениот ЕУ пазар“.

Огромно мнозинство гласаше за резолуцијата, 489 беа за, 36 беа против, а 49 беа воздржани.

Пратениците ја повторија својата поддршка за идното членство на Украина во ЕУ, нагласувајќи дека пристапниот процес се заснова на заслуги, односно на исполнување на реформите потребни за членство и критериумите за пристапување. Во таа насока тие ги повикаа украинските власти да преземат соодветни реформи за што поскоро усогласување со ЕУ.

Претставниците ги повикаа и членките на ЕУ да ја зголемат и забрзаат испораката на воена помош за Украина, особено во оружје, но и да обезбедат економска, финансиска, инфраструктурна и хуманитарна поддршка.

Пред самитот ЕУ-Украина, кој ќе се одржи утре во Киев, европските претставници бараат сеопфатен пакет помош за обновата на Украина. Тие предлагаат за ова да се искористат замрзнатите средства на руската централна банка и средствата на руските олигарси.

Пратениците бараат и воведување на десеттиот пакет санкции против Русија и санкционирање на компаниите како Лукоил и Росатом кои се уште работат на пазарот на ЕУ. Тие бараат и целосно ембарго за увоз на фосилни горива и ураниум од Русија и дефинитивно напуштање на гасоводите Северен тек 1 и 2.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles