9 C
Struga
Tuesday, March 19, 2024
spot_img

Денеска се одржа рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – регион Охрид, денеска организираше рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда.

Турата започна во 08:30 часот од Градското пристаниште во Охрид, а се возеше по крајбрежјето на Охридското Езеро, по стариот пат од Охрид до Струга каде, по средбата со струшките велосипедисти, се продолжи  кон Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“ до Радожда.

Учествуваа и велосипедисти од ИПА регионите Скопје и Прилеп како и велосипедистите Александар Стојков и Лазо Миноски од Скопје кои, заедно со велосипедистите Владимир Секулоски и Кирил Марковски, кон крајот на март годинава, ја реализираа вело турата „Вера 2022“ и возеа околу 3.000 километри низ Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Албанија.

– Со оваа вело возење, сакаме да ги поттикниме двата крајезерски града-идеални места за велосипедизам, конечно и сериозно да пристапат кон проект за меѓусебно велосипедско поврзување со современо уредена, безбедна и функционална велосипедска патека означена со хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација. Со утрешното вело возење Охрид-Струга-Радожда, Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – регион Охрид прави обид плус за промовирање на овие атрактивни туристички дестинации, да упатиме порака до локалните самоуправи и другите институции, повеќе да се заложат, велосипедското поврзување Охрид-Струга, да стане реалност. Охрид и Струга како туристички центри во Македонија, треба многу повеќе да направат за ширење на мрежата на велосипедски патеки што силно ќе ги подигне на балканските и светските вело туристичките мапи, ќе се збогати туристичката понуда, ќе се привлечат многу повеќе туристи што е и огромен бенефит за охриѓани, стружани, за хотелско-туристичките работници, за рент а бајк агенциите но и туристите од Македонија и светот. Возењето велосипед е љубов, потреба, незаборавна авантура и неповторливо доживување. Во време кога државите градат велосипедски автопати, редно е и во охридско-струшкиот регион на Македонија, да имаме безбедни вело патеки а не, да возиме покрај автомобилите, автобусите и камионите, ставајќи се во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот. Не сакаме повеќе жртви-велосипедисти на небезбедните патишта, на кои нема ни трага ни глас од современи вело патеки. Покана и благодарност до сите граѓани и велосипедисти кои, го сакаат и живеат за велосипедизмот. Инаку, проектот за велоспиедско поврзување на Охрид и Струга во 2016 година беше инициран од тогашниот Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот (ОСБСП) Охрид, информираат од ИПА Охрид

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles