Home Strugë Двојно зголемен бројот на прегледи на деца во Струга откако Охрид остана...

Двојно зголемен бројот на прегледи на деца во Струга откако Охрид остана без педијатри

Врие на детското одделение во Струга. Речиси двојно е зголемен бројот на пациенти особено изминатите два месеци по затворањето на одделението во Охрид.

Дневно како што велат педијатрите има и по 120 прегледи, а најкритично е за време на викендите , празниците и ноќната смена каде покрај од охридско струшкиот регион на лекување доаѓаат и деца од Ресен и Дебар.

Шест педијатри работат во две смени во детско и неонатологија во Струга каде има вкупно 18 кревети . Огромен број деца се лекуваат од настинки, сезонски грип но и од корона, најмалото кое било болно од корона било едномесечно бебе.

Она што ги загрижува докторите е тоа што двајца педијатри од струшката болница за неколку години заминуваат во пензија така што и детското одделение во Струга може да се соочи со истиот проблем како и во Охрид со недостаток на кадар кој ќе ги лекува најмалите.

Exit mobile version