Home Maqedoni Граѓаните сами ќе можат да си пресметуваат колку струја потрошиле

Граѓаните сами ќе можат да си пресметуваат колку струја потрошиле

Денеска Регулаторната комисија за енергетика заедно со експертите го претставија калкулаторот со кој ќе може да се пресметува потрошената струја во домаќинствата. Засега надлежните не објавуваат по кои тарифи ќе биде пресметувана потрошената струја затоа што прво ќе треба да се одреди новата цена која ЕСМ ќе ја понуди на тендерот на ЕВН Хоум. По реакциите во јавноста нивоата на тарифните модели ќе се зголемуваат. Но експертите велат дека остануваат на нивниот став дека 80 отсто од домаќинствата ќе имаат намалени сметки за струја.

„Зголемени граници на блокови, и тоа значително зголемени, не само козметички за некој ситен процент. Цените во висока тарифа со мрежарина би биле: во првиот блок пониска од 7,32 таа што е денеска. Во вториот блок приближно иста како и сегашната со мала разлика, а во ниска тарифа ќе биде повисока од сегашната за исти процент за колку е во првиот блок пониска од 7,32“, вели Рубин Талески, универзитетски професор.

Првичниот предлог кој беше претставен на јавните дебати беше да има четри тарифни модели и тоа: првиот блок да биде до 210 потрошени киловатчасови електрична енергија, вториот до 420, потоа третиот би се движел од 420 до 630 потрошени киловат часа електрична енергија и последниот до 630 киловат часови.

Прелог тарифни модели

Прв модел 210 коловат часови
Втор модел 420 киловат часови
Трет модел 420-630 киловат часови
Четврт модел 630 киловат часови

Реакциите во јавноста дојдоа по информациите дека тие што ќе се најдат во четвртата тарифна група можно е да добијат зголемување на сметката за струја за дури 50 отсто. Експертите и регулаторот уверуваат дека и покрај ваквите најави греењето на струја ќе биде поисплатливо од печките на дрва.

Exit mobile version