8.9 C
Struga
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Град во Украина исчезна под вода, покажуваат снимките „пред и потоа“ 

Илјадници луѓе веќе се евакуирани од делови на регионот Херсон, бидејќи водата продолжува да се спушта по реката Дњепар, која ги дели териториите контролирани од Русија и Украина.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за уривањето на браната Каховка со која се снабдуваше со вода Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година и е во област што украинските сили сакаат да ја ослободат.

Уривањето на браната предизвика зголемување на нивото на водата на реката Дњепар, што предизвика илјадници цивили да избегаат од потопената област поради стравувањата од еколошка катастрофа.

Тројца загинати во поплавите се пријавени во Олешки под контрола на Русија. Токму во тој град ситуацијата е најтешка. Градот е речиси целосно поплавен, а по гранатирањето избувнал шумски пожар.

Погледнете ги сателитски снимки од градот пред и по поплавата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles