Home Maqedoni Голем број заболени од сезонски грип

Голем број заболени од сезонски грип

Сезонскиот грип и вирусите продолжуваат да ги мачат сите возрасти, особено децата. Во Детскиот институт за белодробни заболувања „Козле“ сретнавме многу болни деца. Некои од нив чекаа преглед, а други хоспитализација.

Загрижени се и бабите и дедовците и родителите кои ги придружуваа децата. Меѓу најчестите симптоми се висока температура и кашлање.

Директорот на Козле вели дека за 24 часа периодов имаат и до 150 прегледи.

„До крајот на минатата недела хоспитализирани беа околу 70 деца, во моментов имаме 55. За оние деца кои ние или нашите лекари сметаат дека можат да примат третман дома со домашна терапија, со инхалатор, оние родители кои го имаат и тие што немаат, купуваат инхалатор и потоа лекувањето го продолжуваат дома. Гледаме дека е малку намален број од она што го имавме пред една недела“, рече Бесник Зеќири, директор на ЈЗУ „Козле“.

Детската болница за секој случај ќе биде достапна за сите кои имаат потреба без разлика на празниците.

Exit mobile version