Home Maqedoni Голема полициска акција вечерва, запленета дрога вредна над 250.000 евра

Голема полициска акција вечерва, запленета дрога вредна над 250.000 евра

Голема полициска акција вечерва, запленета дрога вредна над 250.000 евра.           

Во тек е голема полициска акција на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес-Скопје, при што е пресечен меѓународен канал за шверц и запленета е дрога вредна над 250.000 евра, дознаваме од полициски извори. 

Дрогата била пренесувана во возило фолксваген туран, управувано од скопјанец.

Од МВР само потврдуваат дека е во тек полициска акција и детали најавуваат за утрешниот ден, по завршување на акцијата.

Exit mobile version