Home Maqedoni Во среда ќе се знае дали Комисијата за заразни болести ќе врати...

Во среда ќе се знае дали Комисијата за заразни болести ќе врати на сила некои од рестриктивните мерки

Во среда најверојатно ќе биде познато дали ќе има враќање на дел од мерките за заштита на населението од ковид 19. Комисијата за заразни болести според најавите треба да има состанок за два дена бидејќи во моментот имаат активности на терен за реорганизирање на системот пред есенскиот период. Бројките на новодијагностицирани растат но сеуште нема наплив на пациенти во болничките капацитети. На Инфективната клиника во моментот имаат хоспитализирано 18 а на болничлки третман поради вирусот има и во битолската и прилепската болница. 

Се поголем број трудници со позитивен тест завршуваат во ковид одделот на Клиниката за Гинекологија, но без компликации.

-За една недела 10 трудници од кои 8 веќе се породени а две чекаат за породување и една со изгубен плод во 10та гестациска недела. Го отворивме целиот ковид оддел а сега овие се со лесна клиничка слика, вели д-р Викторија Јовановска, директор на Клиника за Гинекологија и акушерство.

И додека Комисијата за заразни болести согласно актуелната состојба ќе одлучува дали ќе има или не враќање на дел од мерките, на сила остана носењето на заштитни маски во болниците, аптеките, јавниот превоз и старските домови. Но поради нивно непочитување, од ЈСП Скопје апелираат до граѓаните да бидат заштитени додека го користат јавниот превоз.

 -Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, информираат од ЈСП Скопје.

Exit mobile version