Home Maqedoni Во Србија потпишани три меморандуми за соработка

Во Србија потпишани три меморандуми за соработка

Во присуство на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерот Димитар Ковачевски денеска во Белград се потпишани три меморандуми за разбирање кои се очекува да ја подобрат соработката меѓу владите на двете земји.

Српскиот министер за внатрешни работи, Братислав Гашиќ и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, потпишаа Меморандум за разбирање за мерки за подобрување на движењето на луѓе и стоки преку заедничката државна граница.

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ и министерот за економија, Крешник Бектеши, потпишаа Меморандум во областа на рударството и енергетиката.

Министерот за градежништво на Србија, Горан Весиќ и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски потпишаа Меморандум за разбирање „Проект ЕТС – воспоставување интероперабилен електронски систем за наплата на патарина“.

Exit mobile version