Home Strugë Во свечена атмосфера, по 14-ти пат се одржа Ѓурѓовденската Литија во Струга

Во свечена атмосфера, по 14-ти пат се одржа Ѓурѓовденската Литија во Струга

Стружани и многубројните гости од земјава и од странство, и годинава беа сведоци на најголемата, најторжествената и една од најпознатите во целиот православен свет, сенародната Струшка Еордија (Литија).

Настанот започна со вечерна богослужба во 16:00 часот во црквата св. Георгиј во Струга, а потоа следуваше Литија со моштите на св. Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона, придружена и со благословот од Пресвета Богородица преку нејзината чудотворна икона Крнинска, кои беа  главно обележје на големиот сенароден настан. Еордијата ја придружуваше и  оркестар.

На самиот крај на Струшката Еордија во дворот на струшкиот храм ,,Св. Георгиј Победоносец” следуваше културно-уметнички настан. Св. Георгиј победоносец е голем заштитник на народот, а Струшката литија е посебно доживување, затоа, по 14-ти пат годинава имаше голема посетеност, а Струга блесна во посебен сјај.

Ова беше атмосферата низ фотографии:

Exit mobile version