Home Botë Во Колумбија запленет еден тон кокаин наменет за Балканот

Во Колумбија запленет еден тон кокаин наменет за Балканот

Колумбиската управа за борба против наркотици при рутинска проверка во пристаништето Буенавентура открила контејнер во кој имало еден тон кокаин, при што товарот бил наменет за балкански нарко-картел, а дестинацијата на бродот била Бугарија.

Кучиња трагачи успеале да откријат психотропни супстанци во пратката со крзно и кожени производи, објави колумбиската веб-страницата „Каракол“.

Полициските службеници потоа извршиле детален преглед на стоката и пронашле пластични фолии со „бела материја“, која по тестирањето била позитивна на кокаин, а пратката била тешка еден тон.

Прелиминарната истрага утврдила дека кокаинот бил наменет за европски картел од Балканот, со цел понатаму да се дистрибуира на Запад, во земји како Италија, Франција и Германија, каде би можел да се продаде за околу 75 милиони долари.

Exit mobile version