Home Maqedoni Владина делегација предводена од Ковачевски на Инвестициски самит во Лондон

Владина делегација предводена од Ковачевски на Инвестициски самит во Лондон

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски престојува во Лондон каде ќе присуствува на Инвестицискиот самит за Западен Балкан што го организира Европската банка за обнова и развој.

Инвестицискиот самит ќе се одржи во Дирекцијата на ЕБОР во Лондон, а на него, се очекува да присуствуваат претставници од владите од регионот, претседателката на ЕБОР, комесарот на Европската Унија за соседство и проширување и други релевантни претставници од регионот.

Од владината прес-служба информираа дека премиерот Ковачевски заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, покрај учеството на пленарната сесија на самитот со која ќе претседава претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, ќе остварат повеќе работни средби со високи претставници на ЕБОР и на Европската унија. Предвидени се и билатерални средби со лидерите на земјите од Западен Балкан.

Како дел од агендата, Ковачевски заедно со лидерите на земјите од Западен Балкан ќе се сретне и со премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.

Вчера, премиерот Ковачевски во македонската Амбасада во Лондон се сретна со македонски иселеници кои живеат и работат во Обединетото Кралство. 

Exit mobile version