Home Maqedoni Влада: Повисоки плати за вработените во МВР од септември

Влада: Повисоки плати за вработените во МВР од септември

Владата денеска ја одржа 65-та седница. Премиерот и министрите на почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година.

На седницата се донесени повеќе одлуки, меѓу кои Владата го задолжи Министерот за внатрешни работи, да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година, по известувањето од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември и барањето на МВР за донесување ваков заклучок, со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите. 

Владата, на предлог на Министерството за образование, одлучи да даде согласност за бројот на студентите кои се запишуваат на трет циклус на студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во академската 2022/2023 година, како што е предвидено во конкурсот на универзитетот.

Владата донесе одлука, на предлог на Министерството за одбрана, за испраќање 134-ца припадници на Армијата на Македонија, за учество на вежбата „SABER JUNCTION 22“, којашто ќе се одржи во Сојузна Република Германија, во период од 28 август до 21 септември 2022 година.

На денешната владина седница е разгледана и усвоена и Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија, за изведување обука за евакуација на лица во тешко проодни планински услови.

Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, одлучи и да бидат отворени два нови конзулата: почесен конзулат на Македонија, во Хрватскa, со седиште во Риека и почесен конзулат на Македонија, во Турција, со седиште во Сивас.

Exit mobile version