15 C
Struga
Friday, March 29, 2024
spot_img

Владино-државна делегација денеска присуствуваше на одбележувањето на 4-ти февруари – денот на раѓањето на великанот и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев.

Владината делегација, предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, составена и од првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, положи свежо цвеќе и оддаде почит на истакнатиот револуционер, Гоце Делчев, за неговиот водечки придонес во борбата за слобода и за македонската државност.

Идеалите на големиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се разбран аманет и патоказ за политиките на Владата на Македонија, поставени на дијалогот и на почитувањето, како врвни културолошки и цивилизациски придобивки.

Пораките на Делчев за единство и сплотеност, кога станува збор за националните интереси и за државните стратешки цели се подеднакво актуелни и денес. И се света обврска за секого, додека ја градиме Македонија во Едно општество за сите граѓани и ја интегрираме, по најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, што е веќе реалност и како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, во семејството на европски народи и држави.

Настанот во чест на раѓањето на знаменосецот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, започна со високи државни почести и со македонската химна во изведба на првенката на Операта на Македонскиот Народен Театар, Весна Гиновска-Илковска.

Потоа следуваше положувањето цвеќе и оддавањето почит кон големиот револуционер, Гоце Делчев, од претставници на државниот врв и од делегациите кои денеска присуствуваа на одбележувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев, меѓу кои претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, потпретседателот на Собранието на Македонија, Горан Мисовски и пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата во Парламентот, началникот на Генералштабот на Армијата на Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од Генералштабот и други претставници од Министерството за одбрана. Меѓу делегациите кои положија цвеќе и оддадоа почит на великанот Гоце Делчев, беа и претставници од Сојузот на борци од НОАВМ, потпретседателите Наум Буревски, Елена Јованова Грујовска и Јоцко Димитриевски, претставници на политички партии во Македонија.

Владината делегација присуствуваше и на богослужбата посветена на големиот револуционер, Гоце Делчев, со којашто чиночествуваше поглаварот на Македонската Православна Црвка – Охридска Архиепископија, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во сослужение на свештенството.

Чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, на утринското официјално одбележување во црквата Свети Спас во Скопје помина во мирна и достоинствена атмосфера и во духот на пораките на великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles