Home Maqedoni Влада: Економските мерки поттикнаа раст на индустриското производство во февруари

Влада: Економските мерки поттикнаа раст на индустриското производство во февруари

Од Владата оценуваат дека податоците за растот на индустриското производство што денеска ги објави Државниот завод за статистика се показател дека индустријата закрепнува.

Зголеменото индустриско производство за 6,3 проценти во февруари годинава, споредено со истиот месец лани, е доказ за добро концептираните економски мерки на Владата кои даваат видливи резултати, велат од Владата.

Во соопштението испратено попладнево се наведува дека Владата и понатаму ќе ја следи економската состојба во државата и ќе интервенира на соодветен начин преку разни мерки кои ќе го поттикнат економскиот раст.

– Во јануари 2022 година беше забележан раст од 0,7 проценти во однос на јануари 2021 година, додека овој месец порастот изнесува 6,3 проценти во однос на истиот месец лани. Според податоците од Државниот завод за статистика, највисок раст гледано по сектори бележат рударство и вадење на камен 25,2 проценти, снабдување со електрична енергија, пареа и климатизација 9,6 проценти и преработувачката индустрија 4 проценти. Во главните индустриски групи, производството во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи пораст кај трајни производи за широка потрошувачка за 61,5 проценти, енергија за 14,6 проценти, интермедијарни производи, освен енергија 14,6 проценти и капитални производи за 3,2 проценти, се наведува во соопштението.

Exit mobile version