Home Maqedoni Влада: Ги подобруваме условите на лицата со попреченост

Влада: Ги подобруваме условите на лицата со попреченост

Со дискусија за унапредување на инклузијата на лицата со попреченост, денеска во Владата, се одржа четвртата средба на советниците на претседателот на Владата –со претставници на Граѓанската иницијатива „Време Е!”.

Со дискусија за унапредување на инклузијата на лицата со попреченост, денеска во Владата, се одржа четвртата средба на советниците на претседателот на Владата – Милан Живковиќ, Спасе Додевски и Теодор Богоевски со претставници на Граѓанската иницијатива „Време Е!”, каде членуваат родители на деца и лица со попреченост.

На средбата, информираат од владината прес-служба, учествуваа и претставници од институциите соодветни и надлежни за исполнување на барањата кои се креирани од самата Иницијатива „Време Е!”. Присутни беа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за финансии, Фондот за здравство осигурување и МКФ (Меѓународната класификација на функционирање).

Советникот Живковиќ, како што нагласуваат, истакнал дека ова е првата средба во „полн состав” каде претставниците на Иницијативата „Време Е!” директно се известени од институциите за текот на исполнување на барањата, како и за динамиката за нивната имплементација.

-Владата останува посветена да работи и постојано да ги унапредува и олеснува условите за живот на лицата со попречености, без разлика на возраста на лицата. Целта е подобрување на животот на лицата со попречености преку системски решенија и изнаоѓање крајни решенија, креирани на инклузивен начин, велат од Владата.

Од советниците Додевски и Богоевски, додаваат, беше истакнато дека во последните пет години е направено многу, отпочнати се европските процеси, не само во поглед на обезбедување квалитетен Закон за социјална заштита, туку и во поглед на останатите проблеми на овие лица, кои заслужуваат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството. Беше споменато дека посебно се работи на измените на Законот за вработување, во делот за подобрување на системските решенија за вработување на лицата со попреченост.

-Барањата кои се веќе исполнети и имплементирани (или во тек на имплементација) вклучуваат скратување на рокот за стекнување на право на ортопедски чевли од 9 на 6 месеци, постапката за добивање на помагалото „говорен процесор” е завршена (потпишан договор на ФЗО на 28.03.2022 година), ослободување од партиципација за болничко лекување за придружник, како и покачување на висината на посебниот додаток (останува да се дефинира начинот и методологијата). За сите останати барања на Граѓанската иницијатива „Време Е!” постигната е согласност од надлежните институции, а останува да се дефинира концептот како истите да се имплементираат согласно буџетот на Македонија со фокус на зголемување на видот на услугите и опфатот на истите за лицата на попреченост, порачуваат од Владата.

Нагласуваат дека е постигнат договор Иницијативата „Време Е!” да одржува редовни средби (еднаш месечно) во истиот состав како денешниот, со тоа што во рамките на секторските консултации со ресорните институции учество ќе земат и претставници на Иницијативата од соодветните теми.

Според најавите од Владата, во следните три до шест месеци се очекува да се реализираат поголемиот дел од барањата.

Exit mobile version