8 C
Struga
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Владата усвои предлог-закон за данок на солидарност односно данок на екстра профит

Oд Владата велат дека придонесот за солидарност, според посоченото од Министерството за финансии, треба да дејствува како ре-дистрибутивна мерка, за да се осигура дека компаниите кои оствариле вишок профит поради неочекувани околности, пропорционално придонесуваат за ублажување на енергетската криза на внатрешниот пазар. Со цел да се изврши корекција на пазарната дисторзија, и да се обезбеди ре-дистрибуција на товарот на негативните последици од кризата, како што е објасни министерството за финансии, повеќе земји од светот воведоа или најавија дека ќе воведат така-наречен данок на екстра профит, а како пример ги наведуваат Хрватска, Бугарија, Грција, Унгарија, Велика Британија, Италија, Шпанија, Германија.

Од Владата велат дека воведувањето на овој данок има солидарна функција, и ќе обезбеди пари, што во целост ќе се користат за финансирање на програма за мерки за справување со кризата.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles