Home Maqedoni Владата планира стимулативни мерки за вакцинација на младите

Владата планира стимулативни мерки за вакцинација на младите

Во програмата на новата Влада предводена од лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски се предвидуваат стимулативни мерки за зголемување на интересот за вакцинација против ковид-19 кај младите, како целна група која има најголем отпор кон имунизацијата.

Мерките на Владата, како што се наведува, се во насока на одржување на здравствените домови во полна кондиција и со персонал и со број на легла и технички капацитети за да ги опслужуваат граѓаните.

„Процесот на вакцинација е клучен за да се спречат тешки симптоми кај заболените, а со тоа да се спречи и преоптоварување на здравствениот систем, односно да не се доведеме во ситуација во која некој граѓанин не би бил на време и соодветно третиран“, стои во програмата.

Ваква стимулација за вакцинирање на младите има во западните земји, каде со сертификатот за вакцина, младите добиваат попусти, гратис храна, пијалак и други награди.

Exit mobile version