Home Maqedoni Викендов над 51.000 патници поминале низ ГП Табановце, најмногу македонски државјани

Викендов над 51.000 патници поминале низ ГП Табановце, најмногу македонски државјани

Над 51 илјади патници влегле и излегле од ГП Табановце изминатиов викенд, соопштија денеска од МВР.

Според податоците од преминот од 13 до 16. јануари, годинава до пладне низ преминот поминале 51.515 патници. Од нив на преминот влегле 11.707, а излегле 21.701 македонски државјанин. Влез оствариле 8.289 странски државјани, а во истиот период излегле 9.818 лица, странски државјани.

– Најголем наплив на патници и возила имаше на 15-ти јануари годинава од 15:00 до 18:00 часот, соопштија за МИА од ГП Табановце.

Во моментов на ГП Табановце редовно се одвива сообраќајот. 

Exit mobile version