Home Botë Венеција од идната пролет ќе им наплатува на туристите за влез во...

Венеција од идната пролет ќе им наплатува на туристите за влез во градот

Билетот ќе се воведува пробно 30 дена, а фокусот ќе биде главно на пролетните одмори и летните викенди, кога бројот на туристи е на врвот. Сите посетители над 14 години би го платиле.

„Целта беше да се најде „нова рамнотежа меѓу правата на оние кои живеат, студираат или работат во Венеција и оние кои го посетуваат градот“, рече советникот за туризам на градот, Симоне Вентурини. Планот, првпат откриен во 2019 година, најпрво беше одложен поради Ковид-19 и оддалечување на туристите, а подоцна и поради технички и процедурални причини. Во меѓувреме, посетителите нагрнаа во Венеција, а странците често се побројни од приближно 50.000 жители во самиот центар на градот.

Прекумерниот туризам долго време е проблем за кревкиот град. Експертите на УНЕСКО во јули препорачаа Венеција и нејзината лагуна да се додадат на листата на загрозено светско наследство и тврдат дека Италија не прави доволно за да го заштити градот од ефектите на климатските промени и масовниот туризам.

Exit mobile version