6.7 C
Struga
Thursday, April 18, 2024
spot_img

Вархеји со поддршка за „Отворен Балкан“, ги повика и другите земји

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, учествуваше на форумот, Отворен Балкан, за да ја искаже поддршката на Европската комисија за оваа иницијатива. Тој рече дека сè додека Берлинскиот процес и заедничкиот европски пазар не се достапни за државите од Западниот Балкан, оваа иницијатива е замена која ги движи напред.

„Сметаме дека врз основа на вредностите на ЕУ, секоја регионална соработка не само што е добредојдена, туку е и во корист на двете страни, што значи дека е во најдобар интерес на Балканот, но и во најдобар интерес на Европската Унија. Секако дека би било идеално да се најде начин да се вратиме во регионалниот заеднички пазар, сепак разбирам дека вие сакате да продолжите напред додека тоа не се случи. Дозволете ми да ја искористам оваа прилика сега да ги повикам другите тројца партнери да се вратат на оваа регионална соработка, бидејќи тоа не само што ги зголемува можностите за бизнисот, туку е и во најдобар интерес на потрошувачите, нуди зголемување на вработувањата, но може да ја промени и реалноста на терен.“

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles