Home Maqedoni Битиќи: Многу бргу ќе има минимална плата од 18.000 денари

Битиќи: Многу бргу ќе има минимална плата од 18.000 денари

Вицепремиерот за економија во владата, Фатмир Битиќи, во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат навести дека зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари ќе се случи наскоро. Иако не сакаше да прецизира кога би се усвоила таквата одлука тој рече:

„Нема да одговорам во време затоа што јас велам дека времето не е предодредник дали една мерка ќе биде изводлива или не или ќе биде одржлива или не, туку дијалогот е тој што детерминира кога тоа треба да се случи. Но, дека ќе се случи да имаме минимална плата од 18 000 многу бргу, ќе се случи“, вели Битиќи.

Exit mobile version