Home Maqedoni Бензинот поскап за 5,5 денари, дизелот за 10! 

Бензинот поскап за 5,5 денари, дизелот за 10! 

Поради енормниот раст на берзанските цени на нафтените дериват и јакнењето на курсот на доларот во однос на денарот, од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините во земјава се зголемуваат за 5,50 денари за литар, а дизелот за 10 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 9,00 денари.

НОВИ ЦЕНИ ОД НОЌЕСКА

ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,50 (денари/литар)

ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,50 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)

За состојбата во нафтениот сектор, РКЕ ја информираше Владата детално и анализите им се ставени на располагање со цел да се носат соодветни одлуки за да се заштити стандардот на граѓаните. Нафтени деривати има во доволни количини, проблем е високата цена, но не само кај нас, туку во цела Европа. Неопходно е сите да се однесуваат рационално во ваква вонредна и непредвидлива состојба, за која не се знае колку ќе трае и со каков епилог“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ. 

Exit mobile version