Home Maqedoni Бектеши: Маржите нема да се сменат, укинување само ако има намалување на...

Бектеши: Маржите нема да се сменат, укинување само ако има намалување на одредени цени

Сите резерви на нафтвени деривати се полни и испораки се прават редовно, уверува министерот за економија Бектеши.. 

Ограничените профитни маржи не спречија цените на одредени продукти да растат. При посета на еден маркет министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека полиците повеќе не се празни, но и тој забележал поскапување на одредени производи. Првичната оценка е дека трговците ја почитуваат мерката за маржите, но сепак растат набавните цени на производите. Најави дека ќе се воведат и нови мерки кои ќе спречат ценовен шок, но не откри какви. Ограничените маржи ќе останат на сила се додека не се стабилизираат цените.

„За одредени производи во склоп на одлуката има намалување, а за одредени има зголемување затоа ДПИ утре ќе достави извештај и тие што има потврда дека има зголемување, а не зависи од трговците на големо и на мало ние ќе донесеме дополнитени олеснителни мерки се со цел граѓаните да не плаќаат повисоки цени.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Освен храната нова цена се очекува да добијат и горивата, кои изминативе месеци континуирано растат.

Новата цена на горивата Регулаторна треба да ја скрои утре. Оттаму веќе посочија дека сите параметри кои влегуваат во пресметката одат нагоре.

Каква цена да очекуваат граѓаните утре, информации нема. Министерот Бектеши уверува дека како и досега во земјава ќе се точи најефтино гориво во регионот. 

„Не самите себеси вештачки да направат криза во зголемување на цените. Затоа што кога се зголемува потрошувачката од тоа што е предвидено, значи тоа е базна економија, се зголемуваат цените. Граѓаните да купуваат согласно нивните потреби, а не да создаваат паника. Во однос на цените јас ве уверувам како што било и претходно, така ќе биде и сега. Цените во Македонија ќе бидат најконкуретни и најмали ако ги споредуваме со регионот.“ истакна Крешник Бектеши, министер за економија

Изминатава недела можеше да се забележат празни рафтови низ маркетите и километарски колони на бензиските пумпи. Што ги натера граѓаните масовно да пазарат и точат гориво – одговор нема. Првичните претпоставки на надлежните се дека одредени трговци манипулирале со потрошувачите, чувале залихи за да ги продаваат своите производи по повисоки цени. Со цел да се најде вистинската причина – инспекторите деновиве се активно на терен низ целата држава.

Exit mobile version