Home Botë Бајден воведе санкции за Северен тек 2, Зеленски вели- подготвени сме на...

Бајден воведе санкции за Северен тек 2, Зеленски вели- подготвени сме на сè 

Американскиот претседател Џо Бајден веќе и нареди на неговата администрација- се воведуваат санкции за „Северен тек 2“. Со ова САД и се приклучуваат на Германија во воведување санкции против Москва. Овој потег означува значајна промена во политиката на администрацијата кон Северен тек 2, која претходно вклучуваше санкционирање на некои од помалите субјекти вклучени во проектот. Претседателката на Претсавничкиот дом Ненси Пелоси истакна дека Путин не може да си ги замисли санкциите кои следуваат.

  • Зачудувачки е да се види во денешно време како тиранин се тркала по земјата. Ова е истиот тиранин кој ја нападна нашата демократија во 2016 година. Тоа е истиот тиранин кој се противи на демократијата и сака да ја минимизира, банализира, деградира во очите на рускиот народ, рече Ненси Пелоси.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повтори потребата на неговата земја од безбедносни гаранции поради заканите од руска офанзива. По средбата со полскиот и литванскиот претседател рече дека украинската армија е „подготвена на сè“.

– Јасно знам, без никакви прогнози, како ќе дејствува нашата армија. Се извинувам, но само јас и нашата армија ќе бидеме свесни за овие јасни чекори што нашата армија ќе ги преземе за да обезбеди одбранбен капацитет и безбедност на нашата земја. И верувајте ми, ние сме подготвени на се- Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Претходно Зеленски ги повика воените резервисти да се вратат во Украина, но рече дека нема потреба од целосна воена мобилизација. Го повика и Западот на понатамошно зајакнување на санкции против Русија, како и целосно запирање на гасоводот Северен тек 2. Европската унија ги санкционираше 351 руски парламентарци кои гласаа за признавање на сепаратистичките региони во Украина, како и 27 други руски функционери и институции од одбранбениот и банкарскиот свет. Лидерите на ЕУ утре во Брисел ќе одржат итен самит на кој ќе разговараат за руско-украинската криза. Употребата на сила и промена на границите нема место во 21-от век, напиша шефот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. Денеска украинските банки и министерствата се цел на сајбер – напади. Низ интернет мрежата тече лажен сообраќај и попречена е вообиената комуникација.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека обвинувањата на Русија против неговата земја се „апсурдни“. Коментарите на Кулеба доаѓаат по обвинувањата на Путин дека неговата земја се подготвува за конфронтација, откако тој доби овластување да користи воена сила надвор од неговата земја.Надежите за дипломатски излез од кризата пропаднаа, ЕУ и САД ја обвинија Москва дека ја премина црвената линија со признавањето на незавиноста на Луганската и Доњецката област.

  • Денеска ни треба многу повеќе од надеж. Потребни ни се брзи конкретни и решителни акции, нов тип на акции од страна на ОН и меѓународната заедница, што е релевантно за нивото на заканата со која сите, не само Украина, се соочуваме денес. Поради курсот на агресија на Русија- Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина.

Откако кризата ескалираше западните земји воведоа санкции за руските банки и пратеници, но Русија во последните осум години направи многу работи за да се оддалечи од зависноста од западните финансии и инвестиции, објаснуваат аналитичарите. Тие имаат огромен имот од над 600 милијарди во злато и девизи, што значи дека се способни да издржат некое време.

  • Рускиот претседател Путин не ги вртеше палците во последните осум години од анексијата на Крим и првите санкции. Мислам, тој ја подготвуваше земјата за можноста за нови санкции. Затоа, не мислам дека овие санкции (од Британија), па дури и оние што ги наметнаа САД, ќе го спречат. Засега ќе биде потребно нешто многу повеќе од тоа- Аманда Пол, политички аналитичар во Центарот за европска политика.

Украинските деца преплашени од звукот на истрелите се евакуирани се од источна Украина во руската погранична област Ростов. Тие се половина од 7.000 евакуирани луѓе, кои ги напуштија своите домови под налетот на претстојниот конфликт.

Exit mobile version