Home Maqedoni Ако не ги намалат цените за десет дена компаниите ќе ги загубат...

Ако не ги намалат цените за десет дена компаниите ќе ги загубат субвенциите за струја

Фирмите кои добија поевтина струја од државата имаат рок уште 10 дена да ги намалат цените. Во спротивно, владата ќе им ги укине субвенциите, а парите наменети за оваа мерка ќе им ги даде на граѓаните. Државниот пазарен инспекторат веќе работи на извештајот кој ќе покаже кој ќе остане без поволноста да плаќа 80 евра за мегават потрошена електрична енергија. Од над 200 производители на основни прехранбени производи, само мал дел ги намалија цените, и тоа за денар или 2. На прсти се бројат и компаниите чии производи поевтинија од  7 до 13 отсто.

– Ако не се намалат на процентот што е договорен помеѓу компаниите и Владата и согласно очекувањата на потрошувачите, подобро тие средства да ги дадеме на граѓаните преку различни мерки. – Крешник Бектеши, министер за економија.

Во меѓувреме, пазарна на терен проверува дали трговците ги почитуваат законите. За 10 дена казнети се 150, кои треба да платат 86 илјади евра. Најголем дел од нив, 79 не го почитувале законот за финансиска дисциплина, односно не си ги плаќале обврските кон компаниите и дистрибутерите. За непочитување на органичувањето на маржите пак, пазарна изготвила 45 прекршочни платни налози. И додека граѓаните го чекаат најавеното поевтинување на основните производи, оние со подлабок џеб се уште купуваат тартуфи и перки од ајкула со понизок данок. Најавената даночна реформа која требаше да стартува од 1 јануари, каде полуксузните производи наместо со 5 беше најавено дека ќе се даночат со 10 отсто – се уште ја нема. Образложението од надлежните е дека се уште се работи на листата.

Exit mobile version