Home Maqedoni Адеми: Новата Влада ќе продолжи да реализира проекти во интерес на граѓаните

Адеми: Новата Влада ќе продолжи да реализира проекти во интерес на граѓаните

Реализацијата на проектите наследени од претходната влада, но и други проекти во интерес на граѓаните ќе бидат предизвик на актуелната власт, изјави во „Патот кон …“ на Алсат, Арбр Адеми од ДУИ, кој наведе  дел од проектите што се реализираат и други што се очекува да се реализираат до крајот на мандатот на оваа влада.

„Секако дека Албанците имаат што да очекуваат почнувајќи од реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект, Коридорот 8. Сѐ е подготвено работите да почнат во лето оваа година, значи се работи за најголемиот инфраструктурен проект во државата. Патот на Арбр е во изградба и ќе биде готов во 2023 година. На оваа нова влада останува да го продолжи патот Скопје-Блаце… Продолжување на проектите кои се важни за Албанците… Континуитет за понатамошни политики проевропски, евроатлантски, прозападно со отворање преговори со ЕУ, а гласањето за оваа влада всушност значи гласање за ЕУ, за Охридскиот договор, за добрососедство, за Коридорот Е8, за зелената агенда, за дигитализација, за гасификација, за политичка стабилност, за безбедност во државата и сл. Тоа се приоритети кои всушност ги сочинуваат потребите и барањата на граѓаните“, рече Арбр Адеми, ДУИ.

Exit mobile version