12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Џафери – Лосон: Високо ја вреднуваме билатералната соработка во одбраната меѓу двете земји

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретна со новоименуваниот британски амбасадор во земјава Метју Лосон, при што му посака успешен мандат, изразувајќи задоволството од одличната соработка со британската амбасада.

Џафери денеска се сретна со новоименуваниот британски амбасадор во земјава Метју Лосон, при што му посака успешен мандат, изразувајќи задоволството од одличната соработка со британската амбасада, како и посветеноста во негувањето на силните релации во речиси 30-годишен период на воспоставени дипломатски односи.

Како што соопшти собраниската прес-служба, од аспект на парламентарната соработка, даде осврт на долгогодишната соработка со Вестминстер Фондацијата за демократија (WFD) која се одвива преку проектите насочени кон јакнење на капацитетите на собраниските комисии, собраниската служба и политичките партии, а во насока на обезбедување на ефективно спроведување на клучните функции на Собранието.

Џафери посочи дека пратеничките групи за соработка формирани во двата парламента имаат воспоставено редовна комуникација, преку посети и размена на искуства од парламентарното работење и се очекува оваа соработка во иднина да се интензивира и збогатува.

– Актуелната воена состојба во Украина, предизвиците по мирот и светската стабилност во целина, наметнаа и посилна кохезија меѓу НАТО сојузниците, ние како земја-членка на НАТО остануваме посветени на вредностите на Алијансата и во тој контекст високо ја вреднуваме билатералната соработка во одбраната меѓу Обединетото Кралство и Македонија како мошне значајна, интензивна и од бенефит и за двете држави и за НАТО, истакна Џафери.

Со вчерашната ратификација на пристапните протоколи на Шведска и Финска кон Северноатлантскиот договор, претседателот Џафери подвлече дека нашето Собрание испрати јасна и недвосмислена поддршка на овие две пријателски држави во нивните аспирации за членство во НАТО, за што амбасадорот Лосон искажа големо задоволство, особено од постигнатиот висок консензус при самото гласање.

Амбасадорот Лосон се заблагодари на овозможената средба, како прва по предавањето на акредитивите, со што се акцентира неговата професионална, но и лична определба за воспоставување и одржување на континуирани релации со Собранието, преку активен ангажман на сите нивоа.

Тој ги истакна неговите три амбасадорски приоритети – безбедноста, партнерството во НАТО и поддршката на државните институции во овие области, просперитет, трговија и инвестиции и формирање на Трговска комора на Обединетото Кралство и Македонија, поддршка на реформските процеси на земјата, особено на планот на евроинтеграцијата.

Како четврт, личен приоритет, ја посочи културата, јазиците, животните стилови и взаемното почитување на богатството на културните особености и изрази подготвеност од тесна соработка и поддршка на комуникацијата меѓу групите за соработка во двата парламента и изрази очекување на реализацијата на планираните посети во наредниот период.

Џафери го запозна амбасадорот со проектите за подобрување и јакнење на капацитетите на Собранието, кои се реализираат преку Вестминстер фондацијата, швајцарската Влада, Бундестагот, Жан Моне, а стана збор и за тековните и идните активности на Собранието во контекст на скрининг процесот со ЕУ. Беа разменети мислења за одржување и надградување на развиената економска и трговска соработка, поголеми британски ивестиции во Македонија и соработка и во другите области од општествен интерес.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles