4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Шолц: Силно поддржувам постигнување договор за почеток на преговори на Македонија и Албанија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска за време на посетата на Софија изјави дека силно поддржува постигнување договор за започнување преговори за присоединување на Македонија и Албанија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.

Германија, истакна Шолц, разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу соседните држави, но нејзиното искуство покажува дека е добро за сите кога ќе се надмине недовербата и ќе се изградат пријателски односи со соседите.

– Сметам дека има шанса да се постигне напредок. Ќе ја продолжиме дискусијата и размената меѓу нас до крајот на француското претседателство и се надевам дека ќе постигнеме напредок. Јас сум убеден дека заедно ние Европејците, носиме одговорност за ЕУ и за стабилноста на Балканот. Важно е да го искористиме процесот на проширување, рече Шолц на заедничката прес-конференција со Кирил Петков.

Петков, од своја страна, изјави дека дека Бугарија и Германија секогаш гледале на Западниот Балкан во насока на нивно присоединување кон ЕУ.

Бугарскиот премиер истакна дека владите на Бугарија и на Република Македонија „продолжуваат да работат во таа насока при што бугарската Влада јасно ја иразила својата позиција за условите што треба да се исполнат за да продолжи евроинтеграцијата на Македонија”. /МИА

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles