12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Шолц побара од Путин целосно повлекување на руските трупи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да нареди „целосно повлекување“ на руските трупи од Украина каде што се соочуваат со украинската контраофанзива.

„Во 90-минутниот телефонски разговор со рускиот претседател, Шолц инсистираше дека треба да се најде дипломатско решение што е можно поскоро, засновано на прекин на огнот, целосно повлекување на руските трупи и почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“,  се наведува во соопштението од канцеларијата на Шолц.

Шолц, исто така, побара од Путин „целосно“ да го спроведе договорот за извоз на украински житарки.

– Украинската армија презеде речиси 6.000 квадратни километри територија од руските сили за време на контраофанзивата започната на почетокот на септември, изјави во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles