4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Шефот на украинската полиција тврди дека во војната досега се убиени 12.000 цивили

Од почетокот на руската инвазија врз Украина, на 24 февруари, досега се убиени повеќе од 12.000 цивили, изјави денеска началникот на украинската полиција, Ихор Клименко, во интервју за новинската агенција Интерфакс-Украина, пренесе ДПА.

Седумдесет и пет отсто од жртвите се мажи, два отсто се деца, а останатите 23 отсто жени, објасни шефот на украинската полиција.

-Тоа се цивили, овие луѓе немаа никаква врска со војската или со органите на редот, нагласи Клименко.

Засега 1.200 од жртвите се уште не се идентификувани, додаде тој.

Повеќе од 1.500 тела беа пронајдени во областа околу главниот град Киев, откако руските војници се повлекоа на крајот на март. Откривањето на масовните гробници и врзаните трупови во предградието Буча предизвика меѓународен шок и негодување.

ОН досега регистрираа 4.300 цивилни жртви.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles