6 C
Struga
Saturday, January 28, 2023
spot_img

Швајцарија би можела да биде првата земја во светот што ќе воведе ограничувања за сопствениците на електрични автомобили.

Зголемувањето на уделот на електричните автомобили на пазарот на нови возила го запре трендот на нови поволности за сопствениците на електрични возила, барем кога станува збор за државните поволности како субвенции, бесплатен паркинг и попусти на патарините. Некои земји дури укинаа некои од постојните поволности, а некои како Швајцарија планираат уште подрастични мерки.

Швајцарија размислува да воведе ограничувања за приватните сопственици на електрични автомобили, не за да генерираат дополнителни приходи во државната каса, туку за да заштедат пари. Како и да е, истото им се пишува и на сопствениците, а тие сигурно нема да се тешат со оправдувањето дека недостигот од струја станува сѐ поизвесен.

Имено, со доаѓањето на зимските месеци цела Европа се соочува со енергетска криза. Швајцарија не е исклучок, па се подготвува да воведе активни мерки во форма на разни ограничувања. Покрај затемнување или исклучување на осветлувањето порано, ќе се бара и заштеда во греењето. А со цел да се обезбеди енергетска безбедност, тие се подготвени да воведат забрани за возење електрични автомобили во случај на криза.

Како што пишува германски Шпигел, во нацртот на новиот закон се наведува дека „приватното користење на електрични автомобили ќе биде дозволено само за апсолутно неопходни патувања.

Практично, тоа значи дека сопствениците на електрични автомобили во посебни ситуации ќе можат да возат само во најпотребните ситуации. Така, ќе може да возат до аптека, но не и во кино или библиотека. Ова ограничување би се вовело само во третото ниво на ескалација на кризата, а претходно би се заштедило во јавните институции и во домаќинствата.

Според тоа, доколку недостигот на струја продолжи и по воведувањето на прекини и прекинувањето на греењето во жичарниците, дури тогаш ќе се забранат електричните автомобили. Но, откако ќе бидат забранети, жичарниците сепак ќе сообраќаат, сепак туризмот е важен.

Истиот предлог предвидува воведување на помали ограничувања на брзината на автопатите, сѐ со цел да се постигне заштеда во потрошувачката на енергија, без разлика дали станува збор за електрична енергија или за фосилни горива.

Швајцарија најголемиот дел од електричната енергија ја добива од хидроцентралите, но зависи и од увозот од Германија и Франција. Затоа, доколку има недостиг во тие земји, истите проблеми ќе ја снајдат и Швајцарија.

Германија веќе воведе одредени ограничувања, па затоа е забрането да се загреваат приватните базени со гас или струја. Исто така, греењето на канцелариите е ограничено на 19 степени Целзиусови.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles