12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Француската премиерка: Зимава можеби ќе ја исклучуваме струјата по два часа

Енергетската криза предизвикана од руската војна во Украина може да доведе до двочасовно прекинување на струјата за француските домаќинства во најлошото сценарио оваа зима, предупреди француската премиерка.

Елизабет Борн рече дека проблемот е делумно предизвикан од последиците од војната, но и од планираното затворање на околу половина од француските нуклеарни реактори заради одржување.

„Тоа значи дека произведуваме помалку струја и можно е, ако е многу студено, да има моменти во кои ќе имаме проблеми со снабдувањето со електрична енергија“, изјави таа за телевизијата ТМЦ, додавајќи дека во тие случаи струјата ротирачки ќе се исклучува по два часа. Таа рече дека потенцијално може да се воведат ограничувања и за гасот за компаниите.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles