12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Фон Дер Лајен: Никој нема да смрзне зимава во Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен во интервју за австрискиот весник „Курир“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да успее со уцените со енергенси.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен во интервју за австрискиот весник „Курир“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да успее со уцените со енергенси и потенцира дека никој во Европа оваа зима нема да замрзне.

Путин од почетокот на војната во Украина се обидува да ја уценува и подели Европа со испораките на енергенси,но тој ќе доживее повторно неуспех, вели Фон Дер Лајен.

Со предлогот на комисијата за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто од 1 август до 31 март, објаснува таа, можно е безбедно да се помине зимата дури и во случај на целосен прекин на испораките од Русија.

Лајен во однос на нормализирање на односите со Русија одговори дека нормален однос со Путин е незамислив.Таа ја отфрли можноста за суспендирање на поддршката на Украина.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles