-5 C
Struga
Monday, January 24, 2022
spot_img

Филипче кажа дали се предвидуваат мерки за Новогодишните празници

Министерот за здравство, Венко Филипче не гледа причина за дополнителни мерки и ограничувања за време на Новогодишните празници. Во изјава за медиумите тој денеска рече дека поголеми собири има и овие денови и оти специјално за Нова Година не се предвидуваат дополнителни мерки.

„Мерките засега се добри. Сегашните рестриктивни мерки во пресрет на Новогодишните празници сметам дека се доволно со оглед на тоа што такви собири на јавни места има насекаде. Ќе се достигне кулминација за време на Новогодишните празници, а сега е прилично мирна состојбата. Не гледам зошто, специфично само за Новогодишните празници, би правеле некаква рестрикција“, рече Филипче.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles