23 C
Struga
Tuesday, May 24, 2022
spot_img

Фаучи: САД излегоа од пандемијата на коронавирус

САД сега се „надвор од фазата на пандемијата” бидејќи хоспитализациите и смртните случаи од Ковид-19 се веќе ниски, изјави д-р Ентони Фаучи, најголемиот експерт за заразни болести во таа земја.

Сигурно сме надвор од фазата на пандемијата во оваа земја во моменто”, рече Фаучи во интервју за PBS NewsHour, кога водителката Џуди Вудраф го праша колку е блиску земјата до крајот на пандемијата на коронавирус.

Ковид-19 во САД продолжува да расте – за повеќе од 22 отсто во последната недела покажуваат податоците на ЦДЦ, но Фаучи истакна дека „нема да го искорениме овој вирус” и дека луѓето ќе треба рутински да се вакцинираат за да задржат ниска стапка на сериозна форма на болеста и смртни случаи.

– Не знам колку често тоа ќе треба да се прави, рече Фаучи за вакцинацијата. – Може да биде секоја година, може да биде подолго, за да се задржи на ниско ниво. Но, ние не сме во фаза на пандемија во оваа земја во моментов, рече тој.

Сепак, на глобално ниво, рече Фаучи, „нема сомнеж дека оваа пандемија сè уште трае”.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles