13.5 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

УЈП: Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на „Google playstore“

Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денес е достапна и на Google playstore. 

Корисниците на апликацијата, треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот ,,профил,, во прозорчето ,,тип на баркод скенер,, да одберат ,,напреден,,

Управата за јавни приходи, исто така информира и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ, изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.e-pdd.ujp.gov.mk

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles