21 C
Struga
Wednesday, September 27, 2023
spot_img

Утре ќе се состане Комисијата за заразни болести – ќе се вратат ли маските на затворено?

За ова ќе одлучуваат експертите од Комисијата за заштита од заразни болести на утрешниот состанок кој ќе се одржи на пладне, потврдуваат оттаму за Канал 5. Лекарите оваа тема на дискусија ја начнуваат по растот на кривата на заразени, зголемување на хоспитализациите, но и порастот на смртните случаи. Во меѓувреме, кај нас се уште е на сила задолжителноста на носење на маски во болници, аптеки, автобус и старечки дом, но во пракса, ретко кој ја почитува. Контрола за ова нема.

Засега во Македонија нема промена на одлуката за изолација од јануари годинава, па и сега тие што ќе направат ПСР и ќе влезат во статистиката, без симптоми дома мора да седат 7 дена од денот на тестирање, а 10 оние што имаат некаква манифестација. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека на неделна основа во просек за седум дена издаваат околу 950 решенија за изолација, околу 800 во работни денови, а 150 преку викенд. Сега, според официјалните податоци има околу 5.000 активни случаи во државата, кои инаку може и да се двојно повеќе земајќи го предвид фактот дека некои од граѓаните не се тестираат или пак користат брзи тестови и не влегуваат во евиденцијата.

Сега, за разлика од почетокот ковид боледувањата не се разликуваат од останатите, па ако имате позитивен тест, од платата ќе Ви се одземе исто онолку како за било кое отсуство поради здравствена состојба, бидејќи морате да седите во изолација иако не чувствувате потешкотии. Фондот за здравствено осигурување покрива само подолготрајни боледувања. Оттаму велат дека 100% се покрива само во случај кога од Ковид ќе заболат здравствени работници и подолго мора да отсуствуваат од работа.

-За професионално заболување, надоместокот за плата над 30 дена паѓа на товар на средствата на Фондот во 100% од утврдената основица. Првостепената лекарска комисија на Фондот дава мислење за остварување/продолжување на правото за привремена спреченост за работа.– ФЗОМ.

Во однос на мерките во регионот, за привремено враќање на маските на затворено веќе се одлучи Бугарија, но само за главниот град Софија, кој во моментот е жариште. Таму од денеска задолжително е носење на маска насекаде освен во дискотека, игротека, простории во кои се спортува и во просторот пред продавниците во трговските центри. Мерката таму ќе важи во наредните три недели, односно до 19 август.

Во меѓувреме пак, дел од европските земји се подготвуваат исклучиво за есенскиот бран. Таков е случајот со Германија која од октомври носењето на маски планира да го направи задолжително.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles