Утрото ќе биде постудено, а преку денот сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во понеделник ќе се задржи стабилно време со понатамошен пораст на дневната температура. Зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд ќе има во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда.