Home Maqedoni Утре претежно сончево со слаб ветер 

Утре претежно сончево со слаб ветер 

Времето утре ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната од 5 до 12 степени.

Во Скопје, сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во следните три дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Од четврток ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса, во петок врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурите повторно значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината, велат од УХМР.

Exit mobile version