31 C
Struga
Friday, July 12, 2024
spot_img

Времето утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога ќе дува и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во четврток ќе дува засилен до силен северен ветер (на места над 70 км/час) и локално ќе провејува слаб снег. Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски минимални температури кои во повеќе места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст, велат од УХМР.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles