4 C
Struga
Monday, November 28, 2022
spot_img

Главниот штаб на вооружените сили на Украина во понеделникот објави дека „се во тек тајни мерки за мобилизација во редовите на руските окупациски сили“ на полуостровот Крим.

Истовремено, Москва тоа го негира и тврди дека во моментов не се планира регрутирање. Украинските воени претставници тврдат дека во саботата се одржал специјален состанок во Симферопол, вториот по големина град на Крим, каде што „главното прашање било неисполнувањето на квантитативните показатели на мобилизацијата“.

Запрашан дали Кремљ размислува за втор бран на мобилизација, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им рече на новинарите дека „не станува збор за тоа“, како што јави руската државна новинска агенција ТАСС. Сепак, тој додаде дека не може „да зборува во име на Министерството за одбрана“.

Првата руска мобилизација, која Кремљ ја нарече „делумна“, регрутираше околу 300.000 луѓе и се сметаше за голема ескалација во војната и доказ за катастрофални руски загуби на бојното поле. Американскиот Институтот за војна (ISW), во анализата на конфликтот во петокот рече дека е веројатна втора мобилизација, повикувајќи се на нацрт на нов повик, наводно, добиен од жител на Санкт Петербург, кој кружи на социјалните мрежи.

„Уште еден бран на мобилизација во наредните месеци само ќе ја влоши ситуацијата и веројатно ќе го деградира севкупниот квалитет на руските трупи кои ќе бидат распоредени на линијата на фронтот во Украина“, се вели во дневниот извештај на „ISW“.

Руските опозициски политичари, исто така, тврдеа дека новиот бран ќе започне во средината на јануари и рекоа дека некои покани биле испратени пред крајот на годината за да се спречат луѓето да ја напуштат земјата пред официјалното соопштение. Пред првата мобилизација, десетици илјади Руси побегнаа во други земји за да избегнат регрутирање.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles