6 C
Struga
Saturday, January 28, 2023
spot_img

Украина: Ниту еден цивил не може да го напушти Мариупол. Зеленски: Терор на Русија 

Ниту еден цивил не успеа да го напушти опколениот украински град Мариупол, соопшти Украина, а поради руските напади, во градот не пристигнуваат храна, вода и лекови, поради што украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за тероризам.

Ниту еден цивил не можеше да го напушти опколениот украински град Мариупол, а руските сили не го почитуваа привремениот прекин на огнот за да се овозможи евакуација, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на националната телевизија.

Обидите да се испратат храна, вода и лекови во градот пропаднаа кога руски тенкови нападнаа хуманитарен коридор, рече претседателот Володимир Зеленски во телевизиско обраќање.

„Ова е директен терор… извршен од искусни терористи“, рече тој.

„Светот треба да го знае ова. Морам да го кажам ова – имаме работа со терористичка држава“ – истакна Зеленски.

Зеленски рече дека украинските власти успеале да евакуираат речиси 40.000 луѓе од пет други градови во четвртокот.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во петок ќе прогласи прекин на огнот и ќе отвори хуманитарни коридори од Мариупол, како и од Киев, Суми, Харков и Чернихив.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles