13.5 C
Struga
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Топлотна апокалипса ѝ се заканува на Европа- над 1.000 жртви во Шпанија и Португалија

На Западна Франција и се заканува „топлинска апокалипса“, предупредуваат експертите во време кога во голем дел од Европа се забележуваат екстремни температури.

Температурите би можеле да достигнат рекордни нивоа во 15 региони во југозападна Франција. Пожарникарите се борат со шумски пожари, а илјадници луѓе се принудени да се евакуираат. Поради пожарите во Шпанија, Португалија и Грција, уште илјадници луѓе се евакуирани, јави Би-Би-Си.

Рекордни температури се очекуваат и во Обединетото Кралство. За прв пат во историјата таа земја е прогласено т.н црвено предупредување за екстремна топлина.

Во последните денови повеќе од 16.000 луѓе се евакуирани поради шумските пожари во Франција, а властите подготвија засолништа за евакуираните. Жиронд, популарен туристички регион во југозападна Франција, е особено погоден. Пожарникарите се обидуваат да ги стават под контрола пожарите во кои од минатиот вторник изгореа над 14.000 хектари.

Новинарите на Би-Би-Си се придружија на конвојот новинари кои посетија шумска област недалеку од брегот, каде туристите ги напуштија камповите пред неколку дена поради пожарот.

Отпрвин, облаците од чад можеле да се забележат во и над шумата, но ситуацијата изгледа релативно под контрола. Но, колку подалеку се оди, ситуацијата се влошува.

„Одеднаш видовме бескрајни огнени џебови покрај патот. Горат дрвја. Пожарникарите се на страната на патот и постојано се обидуваат да ги локализираат најсериозните пожари. Тие се обидуваат да спречат пожарот да се прошири преку патот. Работата е пеколна, а чадот е сеприсутен“, вели репортерот на Би-Би-Си. Шест авиони канадери се обидуваат да ги изгаснат пожарите, додава новинарот.

Жан-Лук Глизе, претседател на регионот Жиронд, изјави за Би-Би-Си дека пожарите се уште се шират во Ла-Тест-де-Буш и Ландирас поради топлото и ветровито време, што им отежнува на пожарникарите да ги изгаснат.

„Тие мора да се борат со пожарот што само се шири и се шири“, рече Глејзе, додавајќи дека ќе бидат евакуирани уште села.

Поради топлотниот бран, метеоролог во интервју за АФП предупреди на „топлинска апокалипса“ во некои делови на југозападна Франција.

Шпанија и Португалија пријавија повеќе од 1.000 смртни случаи како резултат на екстремните горештини во последните денови.

Во централната шпанска провинција Замора, која е опустошена од пожари од викендот, во планинскиот венец Сиера де ла Кулебра е пронајдено тело на овчар. Тој е втората жртва на пожарот во Замора. Имено, 62-годишен пожарникар загинал вчера гасејќи го пожарот.

Гори и во североисточниот регион на Каталонија, исто како и на ридовите Мијас кај Малага. Пожарите зафаќаат големи површини во Кастиља и Леон, Галиција и Екстремадура, кои денеска ги посети шпанскиот премиер Педро Санчез.

Пожарите во Португалија се главно под контрола и покрај температурите кои минатиот четврток достигнаа неверојатни 47 степени Целзиусови.

Сепак, третина од Португалија сè уште е под предупредување за „екстремен ризик од пожар“, предупреди националната метеоролошка агенција. Причината е силната или екстремна суша во речиси целата земја.

Ова е втор топлотен бран што зафати делови од Југоисточна Европа во последните недели.

Топлотните бранови стануваат сѐ почести, поинтензивни и подолго траат поради климатските промени предизвикани од човековата активност.

Енрике Санчез, декан на Факултетот за животна средина и биохемија на шпанскиот универзитет Кастиља-Ла Манча, вели дека топлотните бранови наскоро ќе станат секојдневие.

„Нема шанси температурите да не се зголемат, што значи дека топлотните бранови ќе зачестат и низ Европа“, рече Санчез.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles