-4 C
Struga
Wednesday, January 26, 2022
spot_img

Струга со 36 активни случаи со Ковид-19

Со новите 435 случаи на ковид-19 откриени во последното деноноќие вкупната бројка на лица кои се водат како активно болни во земјава изнесува 5 135 од вкупно 225 484 дијагностицирани случаи од почетокот на пандемијата.


Според бројките на Министерството за здравство, најголем дел од активните случаи се во Скопје, каде има 2 633 активни случаи од вкупно 99 232 позитивни случаи откриени во главниот град од почетокот на пандемијата. На второ место по бројот на заболени е Битола, каде има 392 активни случаи, по што следува Прилеп со 349 активно болни од Ковид-19.

Троцифрен е бројот на активно болни и во Охрид – 262, Кавадарци – 199,  Струмица – 162, Велес – 118, Куманово – 115,  Гевгелија – 103 и Ресен каде има 102 активни случаи.

Во Штип има 86 активни случаи, Кичево – 73 , Валандово – 66,  Тетово – 62, Кочани – 50, Неготино – 40, Радовиш – 39, Крива Паланка – 38, Струга – 36, Делчево – 32, Македонски брод – 31, Богданци – 29, Свети Николе – 23, Демир Хисар – 21, Гостивар – 16, Крушево – 11, Берово – 10, Демир Капија – 9, Пробиштип – 8, Виница – 7, Македонска каменица – 6, Кратово – 4, а во Дојран има 6 активно болни од ковид-19.

Само во Дебар и во Пехчево во моментов ниту едно лице не се води како активно болно од ковид-19.

Вкупниот број 212 380 лица кои се регистрирани како позитивни случаи на ковид-19 од почетокот на пандемијата се откриени од 1 604 163 тестирања. Од нив 7 969 се починати, а 212 380 се водат како оздравени.

Според статистиката на Министерството за здравство близу 70 отсто од новите случаи се лица кои не се вакцинирани против ковид-19.

Анализата на Министерстовто за периодот од 6 август до 30 декември 2021 година покажува дека на територија на државата 69 242 граѓани биле позитивни од тестирани на ковид 19. Од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 22 996 лица, а 46 246 граѓани, односно 67% од позитивните на ковид 19 не биле вакцинирани.

Статистиката покажува и драстично поголема смртност кај невакцинираните. Од 2 447 лица кои починале како последица од ковид-19 во истиот период, дури 1 913 пациенти не биле вакцинирани против ковид-19.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles