12.7 C
Struga
Wednesday, September 28, 2022
spot_img

Спасовски: Пожарите во земјава ставени под контрола

Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи денеска одржа седница на која беше разгледана подготвеноста за справување со пожари.

Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи денеска одржа седница на која беше разгледана подготвеноста за справување со пожари, при што е заклучено дека неколкуте пожари кои избувнаа во земјава се ставени под контрола.

– Пожарите коишто беа активни во Општина Берово, како и другите пожари низ државата се ставени под контрола. МВР, заедно со ЦУК, АРМ, ДЗС се во постојано 24-часовно дежурство и надгледување на пожарите, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Претходно Владо Клинчарски од ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово за МИА изјави дека на штотуку завршената координација на институциите вклучени во справувањето со пожарите во Беровско било најавено дека повторно ќе имаат поддршка од воздух, оти полициски хекикоптер почнува рано со гаснењето на пожарот, а дека Ер тракторот се вклучува по потреба.

Тој нагласи дека останува уште еден дел зафатен со пожарот да се исконтролира, поради проблеми со посилен ветер и високите температури.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles